Вработените во „Еурокомпозит“ со блокада на патот Прилеп-Градско бараат исплата на заостанатите плати и придонеси – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Вработените во „Еурокомпозит“ со блокада на патот Прилеп-Градско бараат исплата на заостанатите плати и придонеси

Вработените во прилепскиот загубар  „Еурокомпозит“, кој е фирма во целосна државна сопственост, кои една недела штрајкуваат, денес ги реализираа најавите за радикализирање на нивното незадоволство  со едночасовна блокада на магистралниот пат Прилеп- Градско.

Цврсто стојат на своите барања за исплата на  бруто-плата и испалата на заостанатите придонеси почнувајќи од јуни 2012 година до денес.

-За жал не не сфатија сериозно досега ни Владата ниту директорите и продолжуваме со нашиве протести, се додека некој нема слух да не слушне и да не  разбере. И секој ден ќе ги продолжуваме нашиве протести, а планираме во овие неколку дена, да одиме за Скопје пред Владата, рече Роберт Боданоски, претседател на синдикатот на ,,Еурокомпозит“.

Претставникот на гранскиот синдикат СИЕР, Лазар Ангелески, подржувајќи ги вработенте и нивните барања смета дека состојбата е неиздржлива:

-На луѓето веќе им прекипе. Преку глава им е оваа состојба, а изјавата дека работниците треба да работат за пет илјади денари е несериозна. Во оваа држава постојат закони и секој работник треба да зема барем 12.000 денари.

Вработените обвинуваат за беззаконие и самоволие на менаџментот посочувајќи на злоупотреби од нивна страна:

-Се сомневаме за трансфер на некои големи суми пари, префрлани од една фирма во друга фирма, во некоја непостоечка фирма сопственост на Тони Дукоски, раководител на „Еурокомпозитна опрема,,. Се работи за некаде околу 90. 000 евра од „Еурокомпозитна“ на „Композитна,,и од таму на „Ројал логистик интернационал“ од село Велгошти, изјави Богданоски.

По денешниот протест и блокадата на магистралниот пат Прилеп- Градско следен чекот на вработените и синдикатот на ,,Еурокомпозит“ ќе бидат протестите пред Владата.

 

Петар Димоски

 

Би те интересирало и

Дебата за прислушувањето: Заштита на приватноста и департизација на раководните структури

Предложените законски решенија за следење на комуникациите и за новата Оперативно техничка агенција мора да ...

МВР денес поднесе три кривични пријави со фиктивни фактури го оштетиле ЈП Комуналец за 2,6 милиони денари

Кривични пријави против лицата М.П.(51) и  45 годишниот И.А двајцата од Кавадарци и С.С.(46) од ...