Вредноста на семејната кошница во август 32 316 денари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Вредноста на семејната кошница во август 32 316 денари

Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари. Од нив, за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денар – покажуваат податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија.

За храна во август се одвојувале 13.422 денари, за комунални трошоци 8.253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари.

Според синдикалната кошница, одржувањето на личната хигиена во август чинело 980 денари, а одржувањето на хигиената во домот 1.244 денари. За превоз, месечно граѓаните трошеле 2.340 денари, а за облека и обувки 2.129 денари.

Најмалку пари од семејниот буџет се одвојува за одржување на здравјето, односно околу 680 денари, како и за посета на културни манифестации, околу 1.070 денари.

Би те интересирало и

Продолжува јавната дебата за реформите во јавните набавки

Втора јавна дебата за реформите во јавните набавки за кои е подготвен нацрт текст на ...

Нов повик од 7 милиони евра за погранична соработка меѓу Македонија и Бугарија

Близу 7 милиони евра ќе бидат доделени во вториот повик за проекти за програмата за ...