Временска прогноза: Облачно и врнежливо

Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни особено во претпладневните часови.

Од овој влажен бран на повеќе места се очекува да наврнат над 45 литри на метар квадратен воден талог. Кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во претпладневните часови, а попладне интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд, а од недела се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...