Времен прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времен прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Денес на патниот правец Р1202 Маврово – Дебар, делот од с.Рајчица – Мелнички мост, поради асфалтирање, сообраќајот ќе биде во целосен прекин во двата правци во период од 13:00 до 17:00 часот.

На патниот правец Неготино –Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Од 1.јули започна да се применува времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би те интересирало и

Македонија ќе ги признае патните документи на Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во ...

Средбата со министрите не ги предомисли синдикалците: Утре протест пред Владата

Утре напладне протест пред зградата на Владата, а внатре брифинг на владини претставници со новинарите ...