Времето денеска: Најстудено во Берово минус шест, во Скопје минус три

Минусни температури изутринава се ргистрирани во повеќе места во Македонија.

Најстудено е во Берово каде што се измерени минус шест спепени, во Маврово и Лазарополе минус пет, во Крива Паланка минус четири, а во Скопје, Битола, Тетово и Струмица минус три степени.

Под нулата е и во Кушево, Демир Капија, Дебар и Прилеп.

Времето денеска, спроед УХМР, ќе биде сончево и свежо со мала облачност претежно на југот од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Температурата ќе се двкижи од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево и свежо со слаб до умерен ветер од северен правец и температура до 12 степени.

Во наредните денови ќе за задржи претежно сончево и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Во петок се очекува умерено наоблачување и утринските температури да бидат малку повисоки.

Викендот ќе започне со сончево време, а на крајот облачноста ќе се зголемува.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...