Времето денеска: Облачно со умерен северен ветер – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денеска: Облачно со умерен северен ветер

Претпладне облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи, особено во јужните делови.

Попладне врнежите ќе престанат, а најдоцна ќе се задржат на југот. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од од 9 до 15 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје утре исто така сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, попладне и со зголемена облачноста. Температурата од 13 до 29 степени.

Од утре следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности.

На средината на неделата краткотрајно ќе дува јужуне ветер, инаку ветерот ќе остане постојано од северен или североисточен правец. /ухмр

Би те интересирало и

Одложено рочиштето за Титаник 2: Обвинетите ќе го разгледуваат прочистеното обвинение

Денешното, прво рочиште за случајот Титаник 2 беше одложено, откако обвинителката Фатиме Фетаи им даде ...

Превентивни прегледи единствено со Семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк

Почнувајќи од денес, на сите клиенти кои ќе го одберат семејното приватно здравствено осигурување на ...