Времето денеска: Претпладне сончево, попладне наоблачување и дожд

Сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, на места со брзина и од 70 км/час.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 23 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончевои  топло, попладне со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветер, тeмпературата ќе се движи од 19 до 34 степени.

Денеска и в четврток, главно во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и појава на локален пороен дожд со грмежи. Врнежите повеќе се очекуваат во западните и северните делови од земјава. Денес ќе дува умерен, а в четврток засилен ветер од северозападен правец.

Дневната температура и во следните два дена ќе биде во опаѓање, а најсвежо ќе биде в четврток. Од петок ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот. ухмр

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...