Времето денеска: Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи oд дожд и појава на грмежи, особено во северните и западните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат од од 10 до 18 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се движи од 16 до 29 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот. ухмр

Би те интересирало и

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – ...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои ...