Времето денеска: Променливо облачно со повремен локален дожд – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денеска: Променливо облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне кога ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 8 до 20 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 5 и дневна до 18 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено во попладневните часови кога локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во четврток преку ноќта поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места на запад врнежите ќе бидат од снег.

Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Поварадрието. Поради разведрувањето за време на викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нулата.

Би те интересирало и

Дигитален самит на земјите од Западен Балкан: Владите, заедно со новинарите, медиумите и граѓаните, треба да бидат на чело на фронтот против лажните вести

Агендата на еден од најголемите регионални настани за оваа година – „Дигиталниот самит за земјите ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за неспособно раководење на АД ЕЛЕМ, оттаму тврдат дека целта не е профит по секоја цена

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека раководството на АД ЕЛЕМ е неспособно да менаџира со природните ...