Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и со појава на град. 

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен на север и по должината на  Повардарието. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 19 до 27 степени. Во Скопје ќе има слично време, променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Според прогнозите на УХМР, и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер. Најобилни врнежи се очекуваат на југот на земјава. Можна е и појава на невреме со град и со засилен ветер, а ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура за 5 до 7 степени.

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...