Времето денеска: Сончево и многу топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

До сабота нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која ќе предизвика сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури в долж Поварадарието и во јужните делови ќе го надминат 40-иот степен.

Во недела посвежа воздушна маса од север ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Дневните температури ќе опаѓаат почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во крајниот југоисточен дел се уште ќе се задржи многу топло. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата која во понеделник и во вторник ќе биде во интервал од 22 до 31 степен. Потоа температурата ќе биде во постојан пораст.

Би те интересирало и

Малолетници жртви на трговија со луѓе: Ги експлоатираат за тешка физичка работа

Граѓаните кои се трудово експлоатирани не се доволно информирани за да ги препознаат начините на ...

Апел за помош: Насмевката на малата Хана не смее да згасне

На почетокот од оваа година животот станал суров кон една мала убавица од Виница. Четири ...