Времето денеска: Сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денеска: Сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер кој во западните и во југозападните делови повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 36 до 43 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 40 степени.

В недела од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме.

В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд.  Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура, која во понеделник ќе биде најниска во интервал од 21 до 29 степени.

Од вторник ќе има стабилизирање на времето, а температурата ќе биде во благо покачување.

Би те интересирало и

Нивото на Вардар кај Јегуновце четири пати пониско

Четири пати пониско од просекот за јануари е нивото на реката Вардар кај Јегуновце, покажува ...

ОМД: Македонските власти да ги прекинат преговорите за името

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поддржува кампањата #НашетоИмеЕМакедонија на Македонското меѓународно движење за човекови права ...