Времето денеска сончево и многу топло, попладне краткотраен дожд – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денеска сончево и многу топло, попладне краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните од 34 до 41 степени.

Во Скопје, попладне е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 20 до 39 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-от степен. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на викенд кога ќе има локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Еколошка акција денеска во Кавадарци, ученици и еколози го собраа отпадот околу езерцето на висорамнината Витачево

Во рамки на акцијата, Ден на планетата земја кој годинава се одбележува под мотото „Да ...

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека со наместен тендер ќе се набавуваат реагенси, СДСМ најавува подобри здравствени услуги

Опозицијата обвинува дека СДСМ има намера да ја централизира набавката за реагенси за сите лаборатории ...