Времето денеска: Сончево и многу топло со мала облачност

Сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и планините.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 22 до 34 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 14 и дневна до 32 степени.

Во недела попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close