Времето денеска: Сончево и потопло со северозападен ветер

Во четврток, во Македонија ќе преовладува претежно сончево и потопло време, проследено со слаб северозападен ветер.

Минималните дневни температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 степени, а максималните од 17 до 27 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец и максимална температура до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Во сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури за овој период од годината.. ухмр

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...