Времето денеска: Сончево и топло со мала до умерена облачност – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денеска: Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на запад облачност ќе се зголемува.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 3 и дневна до 18 степени.

Во среда од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине и влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд понекаде и со умерен интензитет, а на високите планини врнежите ќе се од снег. Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. Попладне ќе дува северозападен ветер кој повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.

До крајот на неделата ќе биде стабилно со постепен пораст на дневните температури.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...