Времето денеска: Сончево и топло со умерена облачност – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денеска: Сончево и топло со умерена облачност

На територијата на Македонија, во среда, ќе преовладува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Минималните дневни температури ќе се движат од 15 до 20 степени Целзиусови, а максималните од 32 до 38 степени. Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 36 степени Целзиусови.
Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот.

Од четврток до сабота во поголем дел од земјава максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени.

Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер. Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи.

Од понеделник дневната температура значително ќе опадне, за повеќе од 10 степени во однос на претходните денови.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...