Времето денеска: Сончево и топло, температура до 28 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Од понеделник ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец. Во петок попладне и во сабота ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...