Времето денеска: Сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, а во западните делови со умерен до засилен западен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 10, а максималните од 22 до 28 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од 9 до 26 степени.

Во петок во поголем дел од денот времето ќе биде претежно сончево и топло. Значителна промена на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени. На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри надморска височина. Од недела времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и благ пораст на дневната температура.

Би те интересирало и

Вељаноски до неговите колеги: Се доведуваме во незавидна состојба да ги искинеме нашите универзитетски дипломи

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, испрати отворено писмо до неговите колеги во кое укажува ...

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...