Времето денеска: сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло за овој дел од годината со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец.

 

Минималната температура ќе биде од три до 12 степени, а максималната од 24 до 28 степени. Во Скопје исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 27 степени.

Периодот на стабилно, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и наредните денови. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Преодно наоблачување ќе има в петок, а позначителна промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...