Времето денеска: Сончево со мала облачност и слаб јужен ветер

Сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на слаба магла.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 1 и дневна до 16 степени.

Во петок ќе се задржи стабилно и топло време со услови за слаба утринска магла по котлините. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран. кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и северните делови.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...