Времето денеска: Сончево со умерена облачност – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денеска: Сончево со умерена облачност

Времето денеска во Македонија, ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а на повеќе места повремено ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 21 степен.

Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои ќе бидат околу просекот за овој период од годината.

Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер. ухмр

Би те интересирало и

В понеделник делови на општина Аеродром без струја

  Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат ...

Одбележан патронатот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу

Пред споменикот на народниот херој Кузман Јосифоски Питу во Тетовската касарна која го носи неговото ...