Времето денес сончево а во наредните денови натпросечни температури – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Времето денес сончево а во наредните денови натпросечни температури

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9, а дневната од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температура од 6 до 23 степени.

Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури, кои од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...