Врие во „Никола Карев“, обезбедувањето не пушта новинари

Однадвор, се гледа дека во гимназијата нешто се случува, но очигледно одговорните се обидуваат насилно да ги спречат медиумите да известат за настанот.

Родители рано утрово ја известија редакција на „Слободен печат“ дека учениците во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, штрајкуваат, односно ја бојкотираат наставата.

Во моментов, репортери на „Слободен печат“ се пред гимназијата и се обидуваат да стапат во контакт со било кого од одговорните. Но, луѓе од обезбедувањето на гимназијата грубо не им дозволуваат да влезат во објектот, со образложение дека таква наредба добиле од директорката на училиштето.

Однадвор, се гледа дека во гимназијата нешто се случува, но очигледно одговорните се обидуваат насилно да ги спречат медиумите да известат за настанот, кој е од јавен интерес.

Очекуваме нови информации наскоро.

Превземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close