ВМРО-вските директори на заминување повторно „удрија“ по Канал 77

Кадрите на ВМРО ДПМНЕ во заминување во последните денови од своето владеење се обидуваат да ги наполнат своите празни каси, на грбот на компаниите и медиумите, кои се обидуваа да ги преживеат годините на силни инспекции, судски прогони и примена на казнена политика на неистомислениците.

Последниот пример е со Јавното претпријатие Македонска радиодифузија (МРД), раководено од Јулијана Спировска, чија директорската фотеља не ја разниша ниту смртта на четворицата пилоти, кои загинаа во експлозијата на хеликоптерот кој удри во несосветлениот антенски столб на МРД кај Струмица. Во секоја нормална држава, моралната оставка беше логичен чин, но не и кај вмровските кадри.

Јулијана Спировска остана на оваа позиција до крај, следејќи ја политиката на владата во заминување, доследно пресметувајќи се со медиумите, кои не беа слепи послушници на Груевски. Радио Канал 77 е последната жртва на тој однос и од денеска е со блокирана сметка од страна на МРД за камати на платен износ. При тоа, и покрај бројните дописи и ургенции за одговор, МРД и директорката Јулијана Спировска никогаш не најдоа доблест да одговорат на прашањата – дали ги наплатија побарувањата од телевизиите Сител и Канал 5 и дали воопшто наплаќаат од провладиното Радио Слободна Македонија за постојаното користење на мрежата на МРД, која е јавно добро и според законот се дава на користење само инцидентно. До ден денешен нема одговор на овие прашања, но, затоа пак, реакцијата на МРД стигна со блокадата на сметката на Канал 77.

Радио Канал 77 смета дека ова е одговор на објективното известување за случајот со хелкоптерската несреќа во која беа изгубени четри животи, кога јавно прашуваше дали МРД чувствува одговорност што антенскиот столб во кој пилотите настрадаа, го остави неосветлен подолго време. Канал 77 извести и дека МРД се обиде да ја поправи грешката, кога два месеци по несреќата распиша тендер за осветлување на несветлените антенски столбови низ Македонија, меѓу кој и за фаталниот по пилотите, оној во Струмица. Канал 77 продолжи да бара одговорност за несреќата, која до денеска не е расветлена, ниту виновниците се извадени пред лицето на правдата.

Наместо одговори, радиото заработи блокада на смеката. Но, тоа нема да го спречи Канал 77 да продолжува да прашува, да известува и да повикува на јавен интерес, бидејќи, нели, „вистината е како шило“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Национален форум „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“

Во рамки на на кампањата „Заедно зборуваме – Together we Speak“ на ЦИВИКУС – Светската ...

Без струја утре делови од Гази Баба и Илинден

Населени места во општините Гази Баба и Илинден утре во одредени делови од денот ќе ...

Close