Втора рунда преговори за Брегзит – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Втора рунда преговори за Брегзит

Во Брисел денес ќе биде одржана втората рунда преговори околу излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ).

Главниот состанок ќе биде помеѓу британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис и преговарачот на ЕУ Мишел Барние, а потоа ќе следуваат и состаноци на координаторите на работните групи кој ќе траат до четврток, за кога е планирано пленарно заседание и конференција за новинарите.

Првата рунда на преговори се одржа на 19.јуни.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕИ кон крајот на март 2019 година, две години откако премиерката Тереза Меј на 29.март оваа година, официјално ја покрена процедурата за излегување на земјата на ЕУ.

Првата етапа на преговорите се однесува на постигнување договор по три прашања – судбината на европските државјани во Велика Британија по Брегзитот и на британските државјани во ЕУ, за границата со Ирска и финансиите, односно износот на финансиските обврски на Лондон кон ЕУ.

Барние рекол дека по овие прашања се очекува договор да биде постигнат помеѓу октомври и декември оваа година.

Втората фаза се однесува на трговските врски помеѓу Велика Британија и ЕУ, а конечен договор по ова прашање се очекува да биде постигнат помеѓу декември 2017 и април 2018 година.

Потоа договорот би требало да биде финализиран до октомври 2018 година и потоа ќе има период од шест месеци, до март 2019 кога треба да биде завршена ратификацијата на договорот во земјите членки на ЕУ, по што Британија официјално ќе ја напушти ЕУ.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди- џеј Авичи, не покажале ...

Марио Абдо Бенитес е новиот претседател на Парагвај

Конзервативецот Марио Абдо Бенитес победи на претседателските избори во Парагвај со 46 отсто од гласовите, ...