Втор јавен повик за надоместок на дел од трошоците за печки на пелети

Почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година.

Јавниот повик трае 15 календарски дена од денот на објавувањето, односно до понеделник 13.03.2017 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’.

Град Скопје апелира до потенцијалните учесници на јавниот повик пред поднесувањето на документацијата внимателно да ги прочитаат начинот, условите и критериумите за учество, па потоа со целосно комплетирана документација, согласно со правилата да поднесат барање за надоместок на дел од трошоците.град

Ова е втор јавен повик за надоместок на трошоци за набавка на печки на пелети, првиот беше објавен минатата година и беше субвенционирана набавката на печки на 196 граѓани, а Град Скопје за овој проект имаше обезбедено 5.896.000 денари.

Оваа година за надоместок на дел од трошоците за набавка на печка на пелети Град Скопје во буџетот обезбедени 10 милиони денари.

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 13.03.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок.

Јавниот повик, барањето и образецот за потполнување може да ги видите и преземете на следната интернет врска – http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close