Вучиќ: Кој сака избори нека повели

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е задоволен од работата на владата и од премиерката Ана Брнабиќ во последните 100 дена и додаде дека владата треба да продолжи да работи на истиот начин на кој работеше досега – одговорно и дисциплинирано.

„Ја поддржувам владата и ја поддржувам Ана Брнабиќ“, рече кратко Вучиќ на заедничка прес-конференција за новинари со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ.

Српскиот претседател нагласи дека Србија е подготвена за одржување трилатерален состанок на претставници на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кој, како што рече, би бил најважен за Србија, но и за целиот регион на Западен Балкан.

Вучиќ исто така рече дека не им препорачува избори на оние што бараат парламентарни избори, но, како што вели, ако сакаат, нека повелат.

Според Вучиќ, суштината на политиката за која се залага е независна Србија и додека тој ја предводи земјата, нема да дозволи мешање на странците.

„Суштината на политиката за која се залагам е независна Србија. Независна не само во своите граници туку, пред сè, во одлучувањето и грижата за својот народ. Ако тоа не може некој да го разбере, тогаш тоа е негов проблем“, истакна Вучиќ во интервју за утрешното издание на „Вечерње новости“.

Шефот на српската држава порача дека ќе води единствена, српска политика во која странците нема да се мешаат додека е тој на власт.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...