Вучиќ: Нити НАТО, нити Русија – сакаме неутралност

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека Србија со влегувањето во НАТО би решила голем дел од своите проблеми, но дека тоа сепак би било против волјата на 75 отсто од народот, пренесуваат регионалните медиуми.

„Во спротивно, и оние 70 проценти кои сакаат да бидеме со Русија треба да размислуваат за тоа каде ни е пазарот и дека од нешто мора да се живее“, рекол Вучиќ, пренесува РСЕ. Тој потенцирал дека целта на Србија е да ја одржи своета воена неутралност, да влезе во ЕУ, но и да има најдобри можни односи со Русија и Кина.

„Досега успеавме во тоа. Имаме изјави и признание од страна на Путин и Рогозин дека Србија и Русија никогаш немаат подобри односи. Од САД и ЕУ порачуваат дека никогаш порано не сме соработувале подобро, а за односите со Кина и да не говориме“, рекол Вучиќ.

Според него, има и такви кои сакаат Србија да влезе во НАТО, но дека против тоа би биле и 75 отсто од населението и дека тој носел одлуки дури и кога против него биле 95 отсто, како на пример мерките за фискална стабилизација, но дека сепак тоа никако не може да се спореди.

Вучиќ додал дека одлуката за интеграција во НАТО би донела „длабоки подели и раздор во националното ткиво“, кои би траеле со децении и би имале долгорочни последици.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Слободан Праљак му понудил отров и на Ратко Младиќ

Хрватскиот генерал и лидер на босанските Хрвати, Слободан Праљак кој се отру со цијанид во судницата ...

Босански музеј на воено детство ја освои наградата за најдобар музеј во Европа

Во само една година, мал босански музеј посветен на детството во време на војна, ги ...