Вучиќ попладнево ќе го соопшти името на новиот премиер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во 18 часот на прес конференција ќе и се обрати на јавноста. Се очекува тој да го соопшти името на новиот премиер.

Медиумите во Србија изминатите недели шпекулираа со три имиња, како најсериозни кандидати за нов мандатар: Ана Брнабиќ која не е партиска личност, потоа лидерот на Социјалистичката партија на Србија и актуелен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ и градоначалникот на Нови Сад и функционер на Српска напредна партија, Милош Вучевиќ.

Весникот „Новости“ пишува дека не се исклучува можноста Вучиќ да избере наследник чие име не беше експонирано во јавноста како можен иден премиер на Србија.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close