Вучиќ: Ја следиме состојбата во Македонија, но не се мешаме во внатрешните работи на соседите

Српскиот премиер Александар Вучиќ во вторникот изјавил дека Србија ги следи состојбите во земјите од регионот и дека ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста, но и дека нема да се меша во внатрешните состојби на своите соседи, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ рекол дека Србија ја следи состојбата во Македонија, како и во Босна и Херцеговина, но дека нема да се меша во внатрешни работи на овие земји и ова е „фер и коректен став“. Српскиот премиер оценил дека Белград секогаш имал коректни односи со Скопје, но дека никогаш нема да дозволи некој да ја понижува Србија.

„Што се однесува до Босна и Херцеговина, тоа е тешко прашање за нас“, рекол тој и додал дека Србија ќе даде се од себе за да ги сочува мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е и услов за напред и доаѓање на нови инвестиции.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Во декември заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија во Подградец

Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските ...

Ново судење за Сеад Кочан – ќе се изведуваат доказите

Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, ...