Вујиќ: Нема кривично дело за објавување на разговорите помеѓу Јанкуловска и Цветковски

На завршниот збор, на судскиот процес по приватна тужба на Виктор Цветковски против СДСМ, Зоран Заев и Мартин Костовски за објавување на снимени разговори во бомбите помеѓу Цветковски и Гордана Јанкуловска , бранителот на обвинетите Мирослав Вујиќ вели дека нема ниту еден елемент за кривично дело и очекуваат ослободителна пресуда.

„Го разбирам тужителот Виктор Цветковски дека може да биде лут, но тој треба да се лути единствено на него самиот. Цветковски е адвокат по професија, но никој не го терал да се бави со политика и да биде јавна личност, а со тоа сме свесни дека ќе бидеме проценувани од народот и треба да водиме сметка што правиме“, потенцира тој.

Дека пред судот стои голем предизвик,  се сложија двете страни.

Вујиќ во завршниот збор рече дека предизвикот не е во материјалниот аспект , туку поради мотивите кои што ја предизвикале оваа расправа и поднесување на тужбата која како акт на поднесување е неспорно легитимна, а тука се имаат во предвид меѓународни закони и конвенции и претставуваат неодвоив дел од правната регулатива.

„Народот треба да знае што е правено со нивните гласови, а свера на интерес е криминалот во власта“, вели Вујиќ.

„Судот обвинетите ќе ги прогласи за виновни“, изјави Цветковски по завршниот збор, тој  вели дека со сите докази вината е докажана.

Пред судот, додаде тој, ги потенциравме отежителните околности, во нивните изјави со  целата  нивна ароганција кажаа дека незаслужено сум бил поштеден од објавување на дополнителни снимки, а тоа покажува на што се’ се спремни одредени поединци, во случајот Зоран Заев, Мартин Костовски и СДСМ  за да се пресметаат со нивните  неистомисленици.

„Оваа тужба ја имам поднесено со единствена цел, да ставиме крај на ваквите злоупотреби на поединци и да не се продолжи со ваква пракса, а политичарите од СДСМ дадоа лош пример со директно прекршување на човекови права“, изјави Цветковски.

Цветковски нагласува дека приватната тужба е поднесена по два основи за снимање и објавување, а на прашањето дали Цветковски знае кој снимал , тој кажа дека обвинетите не демантирале дека тие снимале.

„Судот треба да процени, а јас сум подготвен до крај сите виновници да ги изнесам пред судот“, вели Цветковски.

Ова е прва приватна тужба за бомбите.

Судијката, Маја Денковска пресудата ќе ја соопшти в понеделник.

 

 

 

 

 



Додади коментар

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е слуга на Заев и срам за целиот правосуден систем

Откако Специјалното јавно обвинителство денеска отвори 4 нови истраги, партијата ВМРО ДПМНЕ попладнево се огласи ...

Изгоре млада борова шума во Делчевско на површина од 40 хектари

Во пожарот кој беснееше вчера попладне во месноста В’ко во атарот на селото Драмче во ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger