В.д. претседателот на Кривичен суд, Стојанче Рибарев поднесе оставка

В.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд Стојанче Рибарев поднесе оставка на функцијата од лични прилини – потврди денеска Судскиот совет на Република Македонија.

На 25.10.2017 година ВД Претседателот на Основен суд Скопје 1 Стојанче Рибарев до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа – се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ.

Судскиот совет најавува дека во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница во врска со ова прашање.

Рибарев претходно, на 20 октомври го информирал Судскиот совет на Република Македонија дека од истиот ден се наоѓа на отворено боледување и негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска.

Стојанче Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...