В понеделник пресуда за „Поткуп“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

В понеделник пресуда за „Поткуп“

В понеделник ќе биде соопштена пресудата за случајот Поткуп, во кој му се суди на премеирот, Зоран Заев. Судијата Дарко Тодоровски го закажа рочиштето за во 12 часот.

На денешното рочиште пак, Заев истакна дека  институциите во земјава биле  злоупотребени со цел да го спречат или дискредитираат во обидот да ја објави, како што истакна, вистината за Македонија преку таканаречените бомби. На рочиштето кое се одржа денеска исто така, обвинителката Валентина  Бислимовска го измени обвинението, па сега на Заев му става на товар кривично дело барање, наместо примање поткуп. Ова дело согласно  член 352 став 2 од Кривичниот закон предвидува затворска казна од 1 до 5 години. Поради преквалификацијата на делото, при донесувањето на судската одлука нема да се ценат доказите што се обезбедени преку ПИ мерките.

Во изјавата за медиумите што ја даде Заев откако заврши судењето денеска, тој информираше дека со неговите адвокати поднеле кривична пријава против обвинителите кои издале наредба за негово следење во овој случај.

Би те интересирало и

Промовирана Стратегијата за образование: Целосна реформација на образовниот систем до 2025 година

Целосно реформирање на македонскиот образовен систем во следните седум години – ова е целта на ...

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...