Гвардиола ја сака ѕвездата на Реал – шеикот го одврзува кесето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Гвардиола ја сака ѕвездата на Реал – шеикот го одврзува кесето

Гвардиола потроши многу пари минатото лето, но главно работеше на засилување во одбраната, а сега има намера додатно да го засили офанзивниот дел од тимот, иако неговиот тим е меѓу најефикасните во Европа.

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на каталонскиот стратег е ѕвездата на Реал Мадрид, Иско кој игра фантастично оваа сезона.

Иско е моменално еден од клучните фудбалери во тимот на Зидан и затоа не е чудно што „кралевите“ во новиот договор вметнаа клаузула од 700 милиони евра.

Медиуите тврдат дека Гвардиола ги убедил богатите сопственици дека Иско е фудбалер кој може да направи разлика и во Лигата на шампиони и дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.

Шеикот Мансур одобрил додатни финансии за да се исполни желбата на Гвардиола и нема да жали пари за да го донесе Иско на „Етихад“.

Манчестер Сити нема проблеми со Финансискиот фер-плеј, па можно е следното лето готово целиот буџет да го потроши на доведување на само еден фудбалер.

Дали тоа ќе биде Иско? Останува да видиме…

 

Преземено од: Спортски

Би те интересирало и

Единственото село во светот без улици

Дали некогаш сте посакале да избегате надвор од градот и да најдете мир во некое ...

Топло уживање во сината спа магија на Исланд

Исланд е островска земја без копнени граници во северниот Атлантик, помеѓу Гренланд, Норвешка и Британските ...