Германија: Бројот на азиланти во 2016 година опаднал за две третини

germany-refugee

Германија примила 280.000 нови барања за азил во 2016 година, што е за две третини помалку од рекордната цифра 890.000 во 2015 година – информира германскчиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер.

Од јануари до декември 2016 година, најголемиот број барања за азил поднеле државјани на Сирија, 36 отсто од вкупниот број, потоа следуваат државјани на Авганистан со 17 отсто, и Ирак со 13 отсто од вкупниот број – пренесува агенцијата Макфакс.
„Ова е доказ дека мерките на германската влада и на Европската унија функционираат, приливот на мигранти може да се регулира и контролира,“ изјавил Де Мезиер за германските медиуми.
Доаѓањата на мигранти во Германија значително опаднаа минатата година со прекинот на „балканската мигрантска рута“ во март и со постигнувањето на спогодбата меѓу Европската унија и Турција со цел да се сопре нивното доаѓање преку Егејско море и Грција. Според, Де Мезиер  бројот на одбиени барања за азил и азиланти кои ја напуштиле Германија е зголемен, иако германските власти се’ уште не се задоволни со таквиот број.
„Вкупно 80.000 луѓе самоволно ја напуштиле Германија или биле депортирани,“ додал министерот.
Според најнови официјални податоци, минатата година биле поднесени 745.545 барања за азил, што е 268.869 повеќе во споредба со 2015 година. Најголем број се Сиријци, односно 268.866 барања.
Канцеларката Ангела Меркел, која оваа година ја чекаат избори, вети национален напор кој ќе обезбеди враќање на оние кои немаат право на престој во Германија.

 

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Најмалку 148 луѓе загинаа откако се преврте и се запали цистерна со нафта во Пакистан

Цистерна со нафта се преврте и се запали на автопат во Пакистан при што загинаа ...

Полскиот претседател потпиша закон за ограничување на пристапот до контрацепцијата

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша закон со кој се ограничува пристапот до „таблетите „ден потоа“, ...

Close