Германија ги одобри автономните возила

Ако долго време ги игнорираа електричните, Германија веднаш ги прифати автономните возила – челните луѓе на државата со закон ѝ дадоа зелено светло на домашната автомобилска индустрија да ги тестира на јавните патишта.

Законот за кој дебата имаше и Ангела Меркел е одобрен од горниот дом на парламентот и одредува под кои услови ваквите возила можат да се најдат на германските патишта. Според него возачот мора да седи на своето место во секој момент, подготвен да ја да преземе контролата над возилото во случај на потреба. Сепак тој не мора да ги држи рацете на управувачот, ниту пак да гледа пред себе. Ќе може на пример да чита весник, сурфа на интернет или да работи што и да било друго како обичен патник во возилото.

Законот исто така предвидува присуство на црна кутија која ќе ги бележи сите податоци од возењето, што се смета како неопходност за одредување на причината во случај на потенцијален инцидент. Возачот секако ќе сноси одговорност ако тој се има случено под негова контрола. Но доколку системот за автономно возење е активиран и се случи нешто по вина на автомобилот, одговорноста е на производителот. Значајно е и тоа што заради технолошкиот напредок овој закон ќе биде ревидиран по две години. Постои и одредба која се однесува на заштита и ограничување на користењето на податоците собрани во текот на возењето, што всушност од правна страна гледано е клучен фактор во целата приказна.

Превземено од: Автомагазин

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Германија утре гласа, Меркел очекува четврта победа

Германија утре гласа, а актуелната канцеларка Ангела Меркел очекува четврта победа и задржување на водечката ...

Пекол на бразилските улици: Мобилизирана војската, Рио во хаос, судири на сите страни

Владата на Бразил ги затворила патиштата и училиштата, и побарала да се вмеша и војската. ...

Close