Германската тајна служба ја поткопува слободата на печатот

Германската разузнувачка служба БНД наводно од 1999 година вршела надзор на странски новинари. Кристијан Мир, директор на организацијата „Репортери без граници“ смета дека тоа претставува повреда на германскиот устав. ДВ: Неделникот „Шпигел“ објави дека тајната служба БНД очигледно вршела надзор на новинари. Дали Ве изненади ова откритие?

Кристијан Мир: За жал не. „Репортери без граници“ веќе одамна се занимаваат со прашањето на масовен надзор и ризиците кои ги донесува ваквата практика и за новинарите и за слободата на медиумите. Веќе подолго време стравувавме дека БНД во рамките на масовното филтрирање на комуникациите врши надзор и на новинарите – како некој вид попатен лов. Дека БНД целно го правела тоа, звучи неверојатно, но сепак не изненадува.

Според „Шпигел“, БНД ги шпионирала телефонските приклучоци на американската новинска агенција „Ројтерс“, „Њујорк тајмс“ и британскиот „ББЦ“, меѓу другото во Авганистан, Пакистан и Лондон. Што мислите, која била целта на тоа?

Една интерпретација е дека БНД претпоставува дека новинарите кои работат во тие земји би можеле да имаат информации за терористи. Можеби и за мигрантските движења.

Собирањето и анализата на такви информации припаѓаат кон задачите на една тајна служба. Што, според Вас, е спорно тука?

Институциите задолжени за борба против криминалот мораат да откриваат терористички планови. А задача на новинарите е да гарантираат дека нивните соработници можат да бидат сигурни дека ќе останат анонимни. Инаку во опасност се доведува односот на доверба меѓу изворот на информации и новинарите. Заштитата на изворот на информации е суштинска во новинарството. Ако БНД го игнорира тоа, тогаш тоа е фатален развој. А германската влада на тој начин им противречи на сопствените начела. Германија беше една од земјите која во ОН ја протурка резолуцијата за човековото право на приватност и која на меѓународно ниво се ангажираше како заштитничка на тоа право.

Во октомври минатата година, германската влада наново ги одреди надлежностите на германската разузнавачка служба. Вие законот за БНД уште пред неговото прифаќање во Бундестагот го оценивте како „повреда на Уставот во најава“. Зошто?

Според законот за БНД, луѓето, а со тоа и новинарите, надвор од Европската унија можат да бидат под комплетен надзор. Додека пак Германците, од друга страна, би требало да бидат заштитени со тој закон. Законот за БНД, значи, ги дели луѓето во три категории. На некои луѓе им одзема едно човеково право, иако човековите права се неотуѓиви и неделиви

Покрај тоа, постои и еден технички проблем. Таа поделба во три категории воопшто не може да функционира. Добар пример за тоа се истражувањата во врска со таканаречените Панамски документи. Тие би биле незамисливи без прекугранични истражувања, а германските новинари работеа заедно со колегите од цел свет. Германските новинари, според законот, не смет тда бидат под надзор и нивните податоци не смеат да се зачувуваат, но со надзорот, на пример на еден пакистанскин новинар, многу веројатно ќе се стигне и до податоците и комуникациските содржини на германскиот новинар.

Поделба во три категории, значи, не може и не смее да има. Таа е во спротивност на германскиот Устав, а тоа не го велат само Репортери без граници, туку и угледни експерти за државно и меѓународно право.

Друштвото за право на слобода поднесе и во име на Репортери без граници тужба против законот за БНД. Како ги проценувате изгледите за успех на тужбата?

Во критиката на тој закон од самиот почеток речиси во целост се согласуваа не само новинарските и организациите за човекови права, туку и тројца специјални известувачи на ОН. А тоа веќе само по себе е необично. Специјалните известувачи на ОН обично се занимаваат со земји во кои состојбата со почитувањето на основните човекови права е значително полоша отколку во Германија. Затоа сме прилично оптимистични дека нашата претставка за преиспитување на уставноста на законот, а БНД ќе биде успешна, иако за тоа ќе треба многу време.

Интервјуто го водеше Клаус Даман

Преземено од: Дојче Веле

Додади коментар

Би те интересирало и

Меркел: Германските власти нема да толерираат мешање однадвор во предизборниот натпревар

Германската Влада нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, изјави синоќа канцеларката, Ангела ...

Турцијa: Приведени петмина борци на ИД кои планирале напад во Истанбул

Турските безбедносни сили приведоа петмина борци од терористичката групација „Исламска држава“, кои планирале да извршат ...

Close