Германски министер бара електронски лисици за потенцијалните терористи

germany-nazi-crimes_horo

Електронски бразлетни околу глуждот – ова е една од мерките што ги разгледува германскиот министер за правда Хајко Мас, со цел Германија да спречи терористички напади во иднина.

Мас потврди дека се разгледуваат низа мерки за превенирање на тероризмот, кои би се споведувале дури и ако осомничените не се осудени за криминал. Меѓу мерките што сега се само предлози е и притворање без судење, во случаи кога матичните земји нема да сакаат да ги преземат одбиените азиланти – пренесува агенцијата МИА.

На оваа тема, Мас денеска разговара со претставници на полицијата и на други министерства, а за утре е најавена средба со министерот за внатрешни работи, Томас де Мазиер.

„Мора да направиме се’ за да ги имаме под контрола потенцијалните опасни индивидуалци кои се идентификувани од страна на службите како опасност за јавниот ред и мир. Затоа употребата на електронските лисици не смее да биде табу тема“, вели Мас.

Во Германија живеат речиси 600 луѓе кои се сметаат за високо ризични а државата нема ресурси за сите да ги мониторира 24 часа на ден.

Според актуелното законодавство, употребата на направи за електронско следење е дозволена само за лица кои биле осудени или се ослободени од притовр со кауција. Законот што ги регулира беше променет по минатогодишните напади од страна на поддржувачи на ИД, но тој се уште не дозволува луѓе кои не се осудени да бидат елекронски следени.

Министерот за правда сега бара законот да дозволи полицијата да задржи осомничени индивидуалци кои се закана за јавната безбедност, дури и ако нема директни докази дека тие учествувале во подготовка на напади.

Доколку Германија имаше можност да затвори осомничени опасни луѓе кои требало да бидат депортирани од земјата, немаше да се случи терористичкиот напад во Берлин во кој загинаа 12 луѓе, смета Мас, кој бара притвор за сите одбиени опасни осомничени чии земји не сакаат да ги прифатат назад.

Тунижанецот Анис Амри, кој го изврши нападот на божиќниот панаѓур во Берлин бил ослободен од депортациски притвор затоа што Тунис одбил да го прими од Германија.

Би те интересирало и

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите ...

Еквадор го прекори Асанж за поддршката на независна Каталонија

Властите на Еквадор побараа од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да прекине со политички изјави, ...