Ги одбил Арсенал и Ливерпул за да се пресели во Лајпциг? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ги одбил Арсенал и Ливерпул за да се пресели во Лајпциг?

IN PICTURE:  Oliver Burke celebrates with Jamie Ward and Ben Osborn as Burke makes it 2-0 to Forest. STORY: SPORT LEAD: Nottingham Forest v Bolton Wanderers. Sky Bet Championship match at the City Ground, Nottingham.  Saturday 16th January 2016. PHOTOGRAPHER: MARK FEAR

Иако талентираниот Шкотланѓанец Оливер Бурк ја „прерасна“ конкуренцијата во англискиот Чемпионшип, сепак, никој не очекуваше дека ќе се пресели во Германија.

Англиските медиуми подолго време го поврзуваа 19-годишниот талентиран фудбалер на Нотингем Форест со трансфер во Арсенал и Ливерпул, а дури се шпекулираше дека за неговите услуги е заинтересиран и минхенски Баерн. Сепак, младиот Бурк наместо во Премиер лигата, својата кариера ќе ја продолжи во Германија, и тоа во екипата на Лајпциг.

Имено, од германскиот тим доставиле најконкретна понуда. Нотингем Форест веднаш добиле 12 милиони евра и уште 3 милиони би можеле да добијат во зависност од настапите на шкотскиот тинејџер во Лајпциг.

Од Нотингем Форест едноставно не можеле да одолеат на тие пари, па Арсенал и Ливерпул извисија во трката со „малиот“ Лајпциг од Германија.

„Бурк е неверојатен талент. Има 19 години и поседува страшен потенцијал“, изјави спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник за Оливер Бурк кој потпишал петгодишен договор и стана најскапиот Шкотланѓанец во историјата на шкотскиот фудбал.

Би те интересирало и

Барселона кажа „да“, Рафиња се сели во Интер

Раководството на Интер веќе неколку дена беше во интензивни преговори со Барселона за трансфер на ...

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона ...