Глигоров оптимист: Го посакувавме Малме, ќе дадеме максимум да постигнеме гол во гости

Од денешната ждрепка во Нион, во која Вардар го доби шведски Малме, се чини сите во таборот од македонскиот шампион се задоволни. Заменик капитенот на екипата, Никола Глигоров се надоврза на зборовите на неговиот соиграч, Бобан Грнчаров и изјави дека шансите за пласман во следното коло се реални, пренесува порталот gol.mk.

„Добивме противник кој што и го посакувавме и не го посакувавме. Сигурно дека имаше  и посилни противници во ждрепката. Сега сме, така да кажам на „чисто“, го знаеме противникот, ќе имаме можност да го анализираме и да се подготвуваме за него. Играме прво во гости, што на некој начин може, но и не мора да претставува некаква предност. Би било одлично доколку би постигнале гол во гости, кој што многу ќе ни значи потоа за натпреварот дома. Ќе дадеме максимум конечно во оваа сезона да го минеме тоа прво коло“ , вели Глигоров.

Вардарци добија противник по мерка, но за да стигнат до следното коло ќе мора добро да се подготват и да прикажат шампионска игра на теренот.

Во прилог на тимот на Седлоски е и фактот што првиот меч се игра на гостински терен, каде поволен резултат би им дал шанса на „црвено-црните“ да калкулираат на реваншот во Скопје по една недела.

Извор: www.gol.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close