Глобален самит за жени лидери: Реториката на Иванова со пофалби за сопругот и срдечни поздрави од него

Повикана да зборува за својата општествена улога, улога на жена лидер и предводник, првата дама на државата, Маја Иванова не пропушти да упати низа пофалби кон својот сопруг, Ѓорѓе Иванов. Таа денеска учествуваше на Глобалниот самит на жени лидери, кој во Македонија се одржува за првпат.

Од пофалби упатени кон сопругот, до хронологија која враќа назад во детството – на сопругата на претседателот, Маја Иванова денеска и’ требаше повеќе од предвиденото време за да го фокусира својот говор на она што беше најавено –  справувањето со улогата на прва дама.

Иако според најавите, таа требаше да говори десет минути, говорот на Иванова беше подолг, занемаувајќи ја таканаречената хроменика – реторички елемент кој се однесува на времетраењето на говорите. Иванова потроши неколку минути на набројување на проектите на нејзиниот сопруг, особено задржувајќи се на лидерската школа.

Потоа, таа накратко зборуваше и за своето детство, опишувајќи го како период во кој научила дека ако не вложи љубов во нешто, тогаш тоа ќе нема никакво значење.

Дури потоа, Иванова го стави акцентот на она што впрочем и’ беше најавено како тема на нејзиниот говор – општествената улога и инициијативите за проекти и активности од исклучително значење.

„Поддржувам многу активности посветени на децата. Имам соработка со СОС детско село, би ги споменала посетите на СОС детско село, поддршката што ја давам за децата без родители, за деца со посебни потреби…“, изјави таа.

Сопругата на претседателот додаде дека во интерес на времето не би можела да ги наброи сите активности. Таа исто така, пренесе поздрави од нејзиниот сопруг, кој според неа секогаш ги поддржува иницијативите што  ставаат акцент на жената. Сепак, жената во Македонија, срдечно поздравена од претседателот и понатаму нема право да одлучува за абортус, а дел од жените кои се стремат кон тоа да станат мајки, немаат матичен гинеколог во својата општина.

На денешниот Глобален самит, покрај Иванова говореа и други жени со лидерската позиција. На настанот кој ја потенцираше општествената улога на жената, титулите на говорничките беа најавувани во машки род, како претседател, координатор и тн. Овој Самит кој почна денеска, а завршува утре го организира Сојузот на стопански комори во соработка со Здружението на бизнис жени.

Би те интересирало и

Комплетна реализација на наставата на босански јазик од наредната учебна година

Од наредната учебна година, во основните учичишта комплетно ќе биде реализирана  наставната програма на босански ...

Заев-Звиздиќ: Преку унапредување на соработката до побрзо членство во ЕУ

Македонија и Босна и Херцеговина делат заедничка цел – членството во ЕУ и НАТО, а ...