Годинашните Оскари во знак на протест против Трамп

Во Лос Анџелес вечерва ќе се одржи 89-то доделување на Оскарите. Возбудата е голема, но и помешана со нервоза бидејќи неколкумина од номинираните нема да можат да присуствуваат на церемонијата поради острите мерки што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Се очекува говорите на глумците и режисерите да бидат фокусирани на политиката и моментната ситуација во САД по победата на Трамп. Некои од холивудските ѕвезди веќе го изразија мислењето на оваа тема.Претседателката на Академијата за филмска уметност Шерил Бун Ајзекс изјави дека нема да ги спречи глумците да ја искористат вечерашната сцена за политички говори.

„Една од работите поради кои сум среќна е тоа што имаме слобода на говорот. Сметам дека многумина од нив ќе зборуваат спонтано кога ќе слушнат дека нивното име е прочитано. Се надевам дека сите ќе ги искористат своите 45 секунди на сцената за да кажат нешто што има смисла“, истакна Ајзекс.

Мерил Стрип веќе даде изјава против претседателот на САД на доделувањето на Златен глубус. Трамп за таа изјава наведе дека Стрип се „преценува“.

Сепак, некои од актерите глумците сметаат дека оваа сцена не треба да се користи за давање на такви изјави.

Церемонијата за доделување на Оскарите ќе се одржи денеска во 17.30 часот, по локално време.

Додади коментар

Би те интересирало и

„Сандеј Тајмс“: Кралицата Елизабета нема да се повлече за Чарлс да стане регент

Британската кралица Елизабета II нема намера да се повлече од британскиот престол за нејзиниот син, ...

Во Холандија се бара враќање на визите за албанските граѓани

Полицијата и обвинителството во Амстердам бараат од холанската Влада да го врати визниот режим за ...

Close