Годишен попис на животни во Лондонската зоолошка градина – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Годишен попис на животни во Лондонската зоолошка градина

Вработените во Лондонската зоолошка градина изброиле околу 19.289 мали и големи животни при годинешниот „попис“.

Меѓу нив се желките Џими и Јода од Галапагос, златниот орел Макс и лавот Бану. Пингвините се потрудија да им олеснат на работниците, подредувајќи се по видови. На некои места морало да се импровизира, па така мравките биле пресметувани масовно.

Пописот годинава беше одложен поради пожар во кој, токму пред католичкиот Божик, угинаа четири меркати и еден мравојад.

Марк Хабен, претставник на Зоолошката, смета дека „пребројувањето ги собрало сите и тоа овозможило поддршка на едни кон други, како и фокусирање на размножувањето на животните”.

Би те интересирало и

Почна Меѓународниот филмски фестивал во Берлин

Сo премиера на новиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, „Островот на кучињата”, синоќа започна ...

Нешта кои им се случуваат единствено на високо интелигентните луѓе

Интелигенцијата се утврдува со помош на тестови, но новите истражувања покажуваат дека исклучително интелигентните луѓе ...