Голден Стејт и Кливленд изгубија на домашен терен

NBA

Последните два шампиона во НБА лигата Голден Стејт и Кливленд (актуелен) ноќеска забележаа нови порази. Голден Стејт е загуби на домашен терен од Хјустон по две продолженија, а најдобар на теренот беше Џејмс Харден (Хјустон) кој имаше „трипл дабл“ – 29 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Ова за ланскиот шампион беше прв пораз по серијата од 12 победи.

Кливленд загуби пред своите навивачи од ЛА Клиперс, а најпрецизен беше Џеј Џеј Редик (ЛА Клиперс) со 24 поени. Ова за шампионот е втор пораз во серија.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Голден Стејт – Хјустон 127:132 (по две продолженија), Кливленд – ЛА Клиперс 94:113, Шарлот – Далас 97:87, Бруклин – Милвоки 93:111, Мемфис – Орландо 95:94 и Јута – Мајами 110:111.

Пласман Источна конференција: Кливленд 13-4 (победи-порази), Торонто 12-6, Чикаго 10-7, Шарлот 11-8, Бостон 10-8, Милвоки 9-8, Атланта 10-9,Детроит 10-10,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 16-3, Сан Антонио 15-4, ЛА Клиперс 15-5, Хјустон 12-7, Оклахома Сити 12-8, Мемфис 12-8, Јута 11-9, Портланд 10-10, ЛА Лејкерс 10-10

Додади коментар

Би те интересирало и

Традиионален турнир во улична кошарка по шести пат во Росоман

Традиционален турнир во улична кошарка по шести пат се реализира во Росоман. Организатор на натпреварувањето ...

Новата сезона во НБА почнува на 17 октомври

Шампионот Голден Стејт на домашен терен ќе игра со Хјустон, додека Кливленд ќе го пречека ...

Close