Голем пожар кај село Требовље, институциите се уште не преземаат ништо

Голем пожар, веќе четири дена беснее во атарот на поречкото село Требовле, кое се наоѓа на 20-тина километри после Самоков. Досега од пожарот се опфатени преку 400 хектари борова шума, а огнената бура се повеќе го зема својот замав.

За ситуацијата која го опфати овој предел, побаравме изјава од Претседателот на месната заедница, г-дин Златко Петровски.

“Пожарот после четири дена, денес го зема својот најголем замав и ако наскоро не се преземе нешто, ова село во кое живеат неколку жители и има голема викенд населба, може да биде целосно уништено. Институциите надлежни за овој проблем, за жал не покажаа никаков интерес за соочување и решавање на проблемот.

Уште во првиот ден се обративме до Дирекцијата за заштита и спасување, од каде не наидовме на интерес за соработка и помош. Имено, оттаму дури третиот ден, вчера после 13 часот беа испратени само 2 мали авиони, кои не успеаа да го локализираат пожарот ниту пак да ја намалат опасноста. Денеска повторно се обративме во Дирекцијата, како и на останатите институции, но се уште нема никаков интерес од нивна страна.

Пожарот не стивнува и се плашиме дека до крај на денот, може да се прошири и до Јасен, со што ќе изгубиме голем дел од убавата природа која ни е на располагање. Но, најважно од се, е тоа што пожарот е опасен по живот за тамошните жители.

Во моментов, единствено се потпираме на помошта на локалните жители и доброволци кои ја понудија својата помош, која за жал не е доволна.

Затоа, апелираме Дирекцијата за заштита и спасување да ја сфати сериозноста на проблемот и да ни помогне во решавање на истиот.“

Доколку не се преземе нешто наскоро, опасноста од пожарот кој може да го проголта целото село се уште демнее. Жителите се во паника и замолуваат за помош од надлежните.

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...