ГОЛЕМ ТРИУМФ: Игор Стефановски го покори Нирбургринг

Два подиуми за спектакуларниот Иџе на ETCC – по второто место на првата трка победа на „Зелениот пекол“

 

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе постигна одличен резултат откако на втората трка на патеката во Нирбургринг го освои првото место и на двете трки на оваа патека денеска успеа да се искачи на победничкиот подиум.

Стефановски во првата трка беше второпласиран.

За нашиот возач ова е втора победа во ETCC шампионатот откако првата ја имаше лани, но ова е прв триумф со неговиот тим.

 

Второто место во втората трка го освои Португалецот Фабио Мота, третопласиран е Петр Фулин од Чешка, победникот од првата трка.

Тоа значи дека истите тројца возачи се најдоа на подиумот на двете трки.

18664155_1344876405608195_4841390871094994432_n

Првото место му донесе 10 бода на нашиот возач, второто осум, па со вкупно 18 дојде до 33 бодови во генералниот пласман и се искачи на третото место.

По шест извозени од вкупно 12 трки на ETCC купот, водечки е Кристјоханес Шрајбер, кој денеска не оствари пласман, поради дупната гума. Тој има 44 бода, еден повеќе од Фулин на второто место.

Превземено од: Високи Октани

Додади коментар

Би те интересирало и

Национален форум „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“

Во рамки на на кампањата „Заедно зборуваме – Together we Speak“ на ЦИВИКУС – Светската ...

Без струја утре делови од Гази Баба и Илинден

Населени места во општините Гази Баба и Илинден утре во одредени делови од денот ќе ...

Close