Гонзалес го прекина интервјуто на Јоноски за да му порача едно нешто

Ацо Јоноски со своето огромно искуство беше голем плус на нашата репрезентација во преубедливата победа која ја оствари во клучниот дуел со Чешка за пласман на Европското првенство во Хрватска, а бидејќи оваа пресметка за него воедно значеше враќање во селекцијата, неговото обраќање во микс-зоната беше едно од најинтересните за новинарите.

Столбот во одбраната доби солидна минутажа при своето враќање и навести дека постојат шанси да го гледаме на турнирот во Хрватска, но неговото интервју во подтрибинскиот простор уште поинтересно го направи селекторот Гонзалес.

Раул се втурна меѓу новинарите и го прекина интервјуто на Јоновски и му го порача следново:

– Сакам да му се заблагодарам на Јоно што дојде одма кога можеше. Кога му се јавив, ми порача: „Раул не се грижи, ќе го фатам првиот авион и ќе дојдам“. Ти благодарам Јоно, – му порача симпатичниот шпански стручњак на Јоноски, потег со кој успеа да ги насмее сите новинари во микс зоната.

Претходно, Јоноски порача дека бил посебно мотивиран на овој дуел со Чешка бидејќи поради лични обврски не успеал да стигне навреме за Украина.

– Ми се јави селекторот и ме праша дали можам да дојдам. Имав работи во Германија кои морав да ги средам и за првиот натпревар не можев да дојдам никако. Најдов простор и време да дојдам за вториот меч и мило ми е што бев тука да помогнам. Треба добро да се размисли дали ќе играм на Европското првенство, рано е да ветувам уште од сега, но сепак мислам дека ќе бидам дел од тимот. Бев посебно мотивиран за овој меч, од непознати причини не бев повикан за Светското првенство во Франција, но еве добив нов повик и се вратив. Се надевам дека во иднина ќе биде се како што треба, – истакна Јоноски.

Извор: Дерби

Би те интересирало и

Вардар победи во Целје

Ракометарите на Вардар во Целје ја продолжија победничката серија во регионалната СЕХА лига. Вчера вечерта, ...

ЖРК Вардар гостува кај Ларвик во третото коло од ЛШ

Ракометарките на Вардар попладне од 17 часот гостуваат во Норвешка кај Ларвик во третата рунда ...