Гори Далмација

Најзагорзен е Сплит, откако ветрот го донесе огнот од шумскиот пожар до првите куќи на градот. Пожарот се уште не е локализиран.

Изминатата ноќ многу сопственици на куќи излегоа надвор подготвени да ги бранат имотите од огнот. Пожарникарите до пет часот наутро ги бранеа првите куќите, при што успеале да ги заштитат.

Канадерите почнеле да летаат околу 6.30 минути, фрлајќи вода од воздух.

За среќа, ветерот престанал, што им ја олеснува работата на пожарникарите и на канадерите.

Со жив штит ги бранеа куќите ноќеска пожарникарите, војниците, многу граѓани но и припадниците на навивачката група на Хајдук. Многумина дојдоа да помогнат таму каде е најлошо. Неколку луѓе во близина на Сплит се евакуирани. Се претпоставува дека во текот на денот, кога ќе се совлада пожарот, ќе можат да се вратат одма.

На седницата на владата, која се одржува претпладнето, власта треба да објасни зошто не е повикана странска помош, што наиде на критика во јавноста. На туристите им се укажува каде да се движат и  кои патишта да ги користат. 70-тина луѓе побарале лекарска помош поради опекотини и труење со јаглероден диоксид.

Би те интересирало и

Вучиќ: Можни се предвремени парламенатарни избори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска пред новинарите изјави дека е можно одржување на вонредни парламентарни ...

Јилдирим: Турција нема да дозволи создавање на „вештачка“ курдска држава

Турскиот премиер, Билани Јилдирим изјави денеска дека кризата на северот на Ирак претставува прашање од ...