Гостивар повеќе од два часа без струја

Жителите на Гостивар два ипол часа останаа без електрична енергија откако утринава ококу 9 часот настанал дефект на 110 киловолтната трафостаница Гостивар 1.

Поради дефектот кој избил при редовни зафати на екипи на МЕПСО на далеководната мрежа, настанат е пожар кој веднаш бил локализиран од страна на гостиварската противпожарна единица.

По интервенција на МЕПСО дефектот е саниран за два часа, а гостиварци добија електрична енергија околу 12 часот, рече портпаролот на МЕПСО Никола Стојанов.

Од МЕПСО додадоа дека дефектот не предивикал значителни штети на високонапонската далеководна мрежа.

 

Би те интересирало и

УХМР: Нестабилно со пороен дожд во Гевгелиско и над Скопска Црна Гора

Поголема нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд и грмежи во моментов има во ...

Делови од Скопје утре без струја

Од 8:30 до 15 часот утре без струја  ќе бидат дел од корисниците од улицата ...